|
филмски фестивал - Венеција '06 |
|
|
|
[01-09-2006 | 00:53 часот] |
Со филмот „Црната Далија“ на режисерот Брајан де Палма синоќа беше отворен 63-тиот Филмски фестивал во Венеција. Во официјалната програма до 9 септември ќе бидат прикажани 21 филм. Четирите интернационални жири-комисии ќе ги доделат наградите „Златен лав“ за...
... најдобар филм, наградата „Хоризонти“, „Корто Кортисимо“ - лав за најдобар краток филм и наградата „Лав на иднината“ за најдобар дебитантски филм. Минатата година главната награда ја понесе „Кршенгрб планина“ на режисерот Анг Ли.  |