|
Hollywood потикнува војна |
|
|
|
[02-09-2006 | 23:28 часот] |
Познатиот режисер Oliver Stone ја обвини Холивудската филмска индустрија дека потикнува војна. Stone кој моментално се наоѓа во Венеција по повод промоција на неговиот филм за нападот на кулите близначки во Њујорк - "World Trade Center", потсети дека филмови...
... како Pearl Harbour ја слават воената машинерија и така потикнуваат насилство. - Јас како виетнамски ветеран имам причина да бидам депресивен, но денеска има повеќе насилство и смрт поготово после 11 септември - додава Stone кој смета дека не е прерано за филмот "World Trade Center" затоа што луѓето "конечно мора да отворат очи". |