|
Paris Hilton во музичка криза |
|
|
|
[02-09-2006 | 23:32 часот] |
Тукушто започна да се афирмира како поп пејачка, кариерата на Paris Hilton веќе е во криза. Според весникот New York Post, нејзиниот деби албум, Paris, во првата недела од продажба во САД остварил тираж од 75.000 копии, а оваа недела најверојатно нема да ја надмине...
... бројката ни од 30.000 примероци. Првиот сингл на наследничката на хотелска империја, Stars Are Blind, моментално е на 49-то место на американската и на 29-то место на британската топ листа. Има уште еден проблем – таа нема да прави промотивна турнеја на албумот, зашто не знае да пее во живо, се вели во New York Post. Како и да е, претставникот на Hilton, Elliot Mintz, вели дека за него албумот "звучи одлично". "За дебитант, ова е неверојатно импресивно" изјави тој за весникот. |