|
SanDisk Sansa e200 против iPod |
|
|
|
[05-09-2006 | 00:13 часот] |
SanDisk ја обнови понудата на flash mp3 плеери од Sansa серијата. Моделите Sansa e200 се нудат со големина од 2,4,6 и 8 гигабајти, а најсилниот модел е и најголем плеер на светот базиран на флеш меморија. Освен музика, уредот подржува и преглед на фотографии и...
... видеа т.е PlayForSure сервисот за купување на песни. Куќиштето отпорно на гребаници има 1,8-инчен LCD екран во боја и слот за microSD кортица, со што може да му се зголеми капацитетот, додека моделите со FM радио нема да бидат достапни на европскиот пазар. Изменетата литиј-ионска батерија би требало да одработи 20 работни часа со едно полнење, а цените би требало да се движат од 140$ за најслабиот модел, до 250$ за моделот со 8 гигабајти. Може да се меморираат до 2.000 песни (практично два пати повеќе од iPod Nano кој е иста цена). Инаку, калифорниската марка ScanDisk е далеку позади Apple на пазарот за плеери, а намерата со новиот модел е да се подигне учеството на пазарот од сегашните 10% nна една третина. Како конкуренција на Apple најавен е и Microsoft-овиот плеер "Zune" кој би требало да чини 299$ во Америка, каде наводно ќе се појави во текот на оваа година. 
 |