Мега авионот полета со патници Печати Е-меил
[05-09-2006 | 00:32 часот]
 Најголемиот авион на светот, „Ербас А380“, утрово полета од Тулуз во јужна Франција на првиот пробен лет со патници. Авионот со 474 доброволци, вработени во компанијата Ербас, полетал денес за да се испроба комодитетот на патниците, што би требало да претставува главен...

... адут на новиот авион.

„Доброволците треба да го тестират комодитетот и ергономијата на кабината“, објаснува Жак Рока, задолжен за комуникации на оваа компанија.

По првиот лет Тулуз-Тулуз, со траење од 7 часа, до 8 Септември ќе го проследат уште три пробни лета од 7 до 14 часа, меѓу кои и еден ноќен лет.