Принцот Вилијам одмара на Ибица Печати Е-меил
[05-09-2006 | 00:41 часот]
 Минатата недела, британскиот жолт печат беше преплавен со фотографии од принцот Вилијам, сликан во костум за капење, кој на одморот во познатото монденско летувалиште Ибица ја повел и својата девојка Кејт Мидлтон. Според пишувањето на таблоидите...

... Вилијам ќе помине една недела на одмор на островот во Белеарите, пред враќањето во академијата за офицери Sandhurst, која е позната по својата строгост спрема кадетите.

Принцот Вилијам дипломираше Географија на универзитетот St. Andrews. Кон крајот на годината би требало да го заврши и приспособувањето за офицер во академијата, а потоа треба да се приклучи кон единиците на копнената војска на Британија.

Постариот син на починатата принцеза Дијана, Вилијам, излегува со Кејт Мидлтон веќе четири години.

Инаку, со Кејт се запознал на универзитетот St. Endrews, каде и таа го завршила факултетот историја на уметноста во 2005 година.