Викторија Бекам повторно бремена Печати Е-меил
[06-09-2006 | 00:28 часот]
 Фудбалерот на Реал Мадрид и поранешен англиски капитен Дејвид Бекам за една шпанска телевизија потврди дека по четврти пат ќе стане татко. Тој и неговата сопруга Викторија се надеваат дека ќе имаат девојче. Тие веќе имаат три машки деца, и нивна неостварена желба (посебно...

... на Дејвид) е да имаат девојче. Тие во минатото за медиумите изјавуваа дека ги искористиле сите традиционални и алтернативни методи, за да го добијат посакуваното девојче.

Останува за неколку месеци да се покаже дали резултатот од традиционалните техники ќе биде успешен.