|
Кејти и Том лути на медиумите |
|
|
|
[08-09-2006 | 23:55 часот] |
Katie Holmes шпекулациите за своето дете ги нарече "срцекршачки", откако конечно со сопругот Tom Cruise пред светот објавија слики од ќерката Suri. Нивното бебе се најде на насловната страница на магазинот Vanity Fair, четири ипол месеци по раѓањето. Ваквите...
... фотографии ги демантираа теориите и прашањата кои ја поставија дилемата дали Suri воопшто постои. Таа за списанието беше фотографирана од фотографката Annie Leibovitz задолжена за сликање на познатите личности, и во магазинот и се отстапени цели 22 страници. Holmes вели дека било "срцекршачко" сето она што го прочитала за своето бебе и за семејството вклучително и шпекулациите дека Suri (според очите) има азиско потекло. На прашањето зошто им требало толку долго време да ја покажат ќеркичката пред јавноста, Tom Cruise вели дека сакале спокојно да го живеат животот и да бидат вистинско семејство. Таа е прво биолошко дете на Cruise, кој има посвоено две деца со Nicole Kidman. 
 |