ALTEA Rebel во салоните на SEAT Печати Е-меил
[10-09-2006 | 22:34 часот]
 Во продажниот салон на Т.Д. КА-ДИС импортерот на возилата на SEAT во Република Македонија стигна новиот пакет на SEAT Altea, Rebel. Она што е препознатливо за овој пакет е промоцијата од страна на познатиот бунтовник на тениските терени John McEnroe. Имиџот и стилот...

... на SEAT може да се препознае во ликот на John McEnroe познат по својата изрека “You cannot be serious!”, како и неговите редовни испади на тениските терени и бунтовнички напади на судиите. “It’s on the line” е репликата која следеше пред кршење на рекетот од страна на еден од најпознатите тенисери во светот.

“Tоа е одлична можност”, изјави McEnroe после неговиот прв контакт со SEAT. “Планирав да бидам во Шпанија за Nations Senior Cup, и ми се чинеше како добра идеа да се поврзам со единствениот автомобилски бренд во земјата. Ми се допадна сценариото и мислата. Концептот се совпаѓа со мојот карактер”.

Пакетот Altea Rebel ја отвара можноста за купувачите да добијат одличен автомобил за ниска цена.

Имено пакетот Rebel содржи: АBS, 6 воздушни перници, клима уред, радио CD со MP3 со Aux in приклучок и 8 звучници, маглинки, команди на волан, задни затемнети стакла, централна брава со далечински управувач, електрика на ретровизори со греачи и паркинг позиција, 16 инчни алуминиумски наплатки.

Бензинските агрегати започнуваат со 1.4, 85кс и цена од 14 990 евра.

Повеќе информации на www.seat.com.mk