инескиот филм "Sanxia Haoren", за животот на обичните луѓе соочени со проектот за изградба на џиновската брана "Три Кањони", освои Златен Лав на 63 филмски вестивал во Венеција. Со свеченоста за доделувањето на наградите на гламурозната плажа Лидо...
... затворен е 11 дневниот филмски фестивал во Венеција, со повеќе од 20 филмови во главната конкуренција, и десетина други кои исто така беа прикажани за прв пат. Победата на кинескиот филм, кој го режираше Џиа Жанг-Ке, ги изненади оние кои им даваа предност на фаворитите, како што се The Queen од режисерот Стефан Фреар, Bobby на Емилио Естевез и "Златна Врата" од режисерот Емануеле Криалезе. Како и што се очекуваше, Хелен Мирен ја освои наградата за најдобра актерка, за улогата во филмот The Queen, британска продукција за кризата во кралската фамилија, причинета од смртта на принцезата Дијана во 1997 година. Друго изненадување беше наградата за најдобар актер, која ја освои актерот Бен Афлек, за улогата на Џорџ Ривс, актерот кој својата слава ја стекна во 50 години од минатиот век, глумејќи го ликот на Супермен, додека мистеријата околу неговата смрт остана нерешена до денес. Францускиот режисер Ален Лесне, прогласен е за најдобар режисер благодарение на филмот Coeurs, додека посебна награда од жирито доби Daratt, на режисерот Махамат Салех Харун. 
 |