|
Прв пат концерт во Русија |
|
|
|
[13-09-2006 | 00:30 часот] |
Американската мега ѕвезда Мадона синоќа пристигна во Москва, каде што денеска прв пат во својата кариера ќе одржи концерт во Русија. Мадона ќе настапи во спортскиот центар Лужники, каде што според проценките, ќе се соберат над 50.000 луѓе. Со настапот во...
... Москва, американската поп-ѕвезда ќе ја заврши турнејата што ја почна на 30 мај годинава во американската сојузна држава Калифорнија. За шоуто во кое со Мадона ќе настапат уште 27 луѓе - музичари и играчи, во главниот град на Русија се транспортирани 200 тони сценска техника, а за безбедноста се грижат 7.000 полицајци од кои половината ќе бидат распоредени во и околу самиот спортски центар. |