Порше Кајен највеќе се краде Печати Е-меил
[13-09-2006 | 00:32 часот]
 Спортско рекреативниот автомобил Порше Кајен е автомобил кој во Германија најчесто се краде, покажале податоците на осигурителните компании во таа земја. Минатата година во Германија се украдени 23.771 автомобил Порше Кајен, што е за 17% помалку од лани...

Според податоците на германското Здружение на осигурителни компании, на секои 1.000 осигурени автомобили минатата година биле украдени 0,7 автомобили.

Стапката на зачестеност на кражбите била највисока кај Порше Кајен 4,5, па на 1.000 такви автомобили биле украдени 16,4. На второто место е спортско-рекреативното возило на германскиот производител БМВ, моделот Х5.