|
Заграбскиот Ромео падна од балкон |
|
|
|
[13-09-2006 | 00:45 часот] |
Љубовната приказна во понеделникот наутро за малце трагично ќе завршела, кога 27 годишниот "Ромео" паднал од зградата пробувајќи да се качи на балконот на својата "Јулија". Несреќниот љубовник, како што јавува загребската полиција, половина час после полноќ одлучил...
... потајно да ја изненади својата 26 годишна девојка. Целта му била балконот на вториот спрат од зградата. Несреќниот Ромео успеал да се качи на настрешницата на балконот на првиот спрат, но тогаш се лизнал и паднал директно на бетонираниот влез пред зградата. Полицијата изјави дека падот бил од висина од 5,5 метри. Повредениот дечко со неколку скршеници е пренесен во загребската клиничка болница каде е утврдено дека имал и мал потрес на мозокот. Затоа ова нека биде порака до сите заљубени, пазете како се додворувате! ;)  |