Бритни Спирс роди второ дете Печати Е-меил
[14-09-2006 | 00:34 часот]
 Бритни Спирс, 24 годишната популарна поп-ѕвезда, синоќа во болницата "Cedars Sinai" во Лос Анџелес го роди и второто нејзино дете, и тоа повторно момче. Нејзиното новороденче се роди два дена пред роденденот на првиот син Шон Престон. Додека на Бритни ова и е второ дете...

... а нејзиниот сопруг има и други две деца, од бракот со претходната негова жена Шер Џексон. Кевин и Бритни веќе прославија две години од бракот.

Како што јавува магазинот US Weekly, кој меѓу првите ја објави веста за породувањето на Бритни, семејството веќе еден месец активно се спремале за овој настан. Неодамна го завршиле спремањето на новата детска соба, обојувајќи ја ’неутрално’ бидејќи не го знаеле полот на нероденото дете.

The National Enquirer пишува дека Кевин ја однел својата сопруга уште вчера во болницата, за полека да се спремаат за царски рез.

За време на пораѓањето, покрај Бритни биле нејзината мајка Лин и нејзината помала сестра Џејми Лин, додека од страната на Кевин немало никој присутен. Кевин своите родители за добивањето уште еден внук ги известил по пат на СМС.

Бритни сакала царскиот рез да биде изведен нешто подоцна, со што второто дете би било родено на истиот ден како и неговиот постар брат Шон Престон, но Кевин не се сложил со тоа, сметајќи дека неговите синови би требало да слават роденден во различни денови.