|
Nissan против алкохолот |
|
|
|
[15-09-2006 | 00:18 часот] |
Јапонскиот производител на автомобили Нисан мотор најави дека ќе произведе автомобил кој алкохолизираните возачи нема да можат да го возат, соопшти компанијата. Автомобилот ќе биде опремен со детектор за проверка на нивото на...
... алкохол во крвта кој ќе се наоѓа покрај седиштата и во кој возачот ќе мора да дувне пред да го активира возилото. "Моторот ќе се блокира ако воздухот кој возачот ќе го издише содржи голема количина алкохол од законски дозволеното ниво", објасни портпаролот на Нисан, Икуе Мацура. Во првите шест месеци од годинава во Јапонија е регистриран пораст од 13 отсто на сообраќајни несреќи во кои имало загинати, а ги предизвикале возачи во алкохолизирана состојба. |