|
Microsoft со свој - Zune Мобилен |
|
|
|
[17-09-2006 | 15:04 часот] |
За оние кои повеќе ги пратат збиднувањата во светот на технологијата, сигурно е познато дека Microsoft конечно го објави својот долгоочекуван мп3/видео плеер - Zune. Меѓутоа, она што е поинтересно за нас е дека Zune во блиска иднина, освен мп3/видео плеер ќе стане и мобилен...
...телефон. Ако ја погледнеме изработката на Zune, ке забележиме дека станува збор за минималистички дизајн што го следи мотото на нивниот конкурент Apple дека едноставното е функционално. Microsoft веќе има големо искуство во мобилната технологија со нивните Windows mobile мобилни телефони и рачни компјутери, такa што можеме да очекуваме дека Windows mobile оперативниот систем ке стои и позади Zune. Познато е дека и Apple ќе дебитираат во мобилната индустрија со својот долгоочекуван iPhone, така што вечната борба помеѓу Microsoft и Apple се проширува и на ова поле. Ако веруваме на предвидувањата дека iPhone ќе го наследи успехот на iPod, слободно можеме да кажеме дека Zune ќе има сериозен конкурент во трката за освојување на пазарот. Времето ќе покаже кој од овие два производи ќе ги освои симпатиите на купувачите. 
telefoni.com.mk |