Зависност од мобилни телефони Печати Е-меил
[20-09-2006 | 21:23 часот]
 Во поново време се случува луѓето да не можат да се одвојат од своите мобилни телефони, а во некои случаи дури се јавуваат и знаци на сериозна зависност, изјави британскиот истражувач Дејвид Шефилд од Универзитетот Стафордшир. Анализирајќи го однесувањето на...

... студентите кои имаат мобилен телефон, Стафордшир утврди дека некои од нивните реакции се слични на симптомите кои ги покажуваат патолошките коцкари.

"Мобилните телефони станаа многу значаен дел од секојдневниот живот и нивната употреба може да предизвика одредени штетни последици", објасни британскиот истражувач.

Околу 40% од 106 студенти на возраст меѓу 18 и 25 години кои учествувале во истражувањето, се изјасниле дека не можат да издржат без мобилен телефон. Дури 90% од нив рекле дека никогаш не се одвојуваат од мобилниот телефон.

Тоа што загрижува е фактот дека 35% од испитаниците истакнале дека мобилниот телефон го користат за да заборават на проблемите, а 32% се изјасниле дека се обиделе да ја намалат неговата употреба.

Од испитаниците седум отсто изјавиле дека поради мобилниот телефон ја изгубиле работата, партнерот или пријателот.

Шефилд во текот на истражувањето забележал промени на крвниот притисок и пулсот кај студентите кои престанале да користат мобилен телефон.

Тој утврдил дека крвниот притисок и пулсот на студентите се намалиле откако тие престанале да користат мобилен телефон.