Салонот за автомобили во Париз, кој ќе се одвива од 28 Септември до 15 Октомври, е местото избрано од страна на SEAT за светската премиера на новиот модел Altea XL - најновиот модел од гамата на SEAT. SEAT Altea XL ја задржува спортската, иновативна силуета...
... карактеристична за Altea уште од самиот почеток. Сепак, новиот модел е наменет за семејства на кои им е потребен поголем внатрешен простор, поголем багажен простор како и највисоко ниво на сигурност во нејзината категорија. Аltea XL e 18.7 сантиметри подолга од Altea, со што внатрешноста на кабината е поголема. Додека Altea има 409 литра габажен капацитет, Altea XL има 532. Кога задните седишта ќе се поместат 14 сантиметри понапред, капацитетот на кабината се проширува до 635 литри – најголемиот капацитет во оваа категорија на возила. Најзначајните промени во надворешниот изглед на возилото може да се приметат во задниот дел, каде што аглите се омекнати со цел да се нагласи семејниот изглед на Altea XL. Највпечатливиот детал може да се примети на задните светла, кои се продолжени по должината на автомобилот. Уште еден момент значаен за семејствата е држачот за багаж на покривот. Новата Leon Cupra Моделот Leon Cupra e уште еден новитет на кој што може да му се восхитуваат обожавателите на SEAT во Париз. Најмокното SEAT возило досега е опремено со 240 кс 2.0 TFSI агрегат кој развива максимална брзина од 247 км/ч а забрзува од 0 до 100 за 6.4 секунди. Leon Cupra има ексклузивен спортски изглед, со Cupra проширени браници, спектакуларни 18 инчни алуминиумски наплатки, црни ретровизори и овална хромирана издувна цевка. Внатрешноста зрачи со спортски изглед, спортски "када" – седишта, ексклузивен Cupra управувач, менувач и црн ентериер. До новата Cupra на SEAT штандот ќе биде нејзиното тркачко алтер его – Leon - от кој го комплетира WTCC Светскиот Шампионат. Останатата гама на SEAT исто така ќе може да се види во Париз, на сосема нов дизајниран штанд. Со површина од 1.489 квадратни метри, материјали како стакло и челик, и боите бела, црна, сребрена и црвена ќе бидат комбинирани со цел да се постигне вистински впечаток и да се претстават вистинските sвезди – Моделите на SEAT. 

 |