|
Најскапиот мобилен телефон |
|
|
|
[22-09-2006 | 00:40 часот] |
Луксузен мобилен телефон наречен "Black Diamond" дизајниран од Јарен Гох, а направен во швајцарската компанија VIPN, е понуден на продажба по цена од 300.000 долари. Навигаторот на мобилниот телефонот е направен од голем 0,25 каратен дијамант, додека мали...
... дијаманти ги красат останатите копчиња вградени во телефонот, направен од титан. Телефонот исто така ја менува бојата од сребрена до црна кога не е во употреба. Според најавите, само пет нумерирани примероци од тој мобилен телефон ќе се (произведат) најдат на пазарот на почетокот на идната година. Засега интерес за мобилниот телефон покажале тројца Американци, еден Русин и султанот на Оман. Повеќе детали за мобилниот телефон може да најдете на нивната веб страна. 

 |