Robbie се лекува од депресија Печати Е-меил
[26-09-2006 | 00:12 часот]
 Според најновите информации, Robbie Williams се лечи од депресија во врвната лондонска клиника The Priory, што беше и причина за откажувањето на азиските концерти од неговата светска турнеја. Поп пејачот, кој и во втората половина 90-тите се бореше со депресијата...

...моментално по топ листите е актуелен со новиот сингл Rudebox, а се соочува и со тужба од поранешниот менаџер Nigel Martin-Smith поради песна што Williams ја напишал против него и ја сместил на новиот албум.

Williams за документарец на BBC овој месец изјави: "Можам да излезам пред 35.000 или 40.000 луѓе и да речам 'Погледнете ме, јас сум ас'. Потоа ќе се вратам во автобус, ќе се вратам дома и ставам преврска на очите".

Според извор близок до Robbie Williams: "Тој и претходно страдал од депресија, но сега најверојатно работите отидоа на многу полошо и турнејата беше премногу".