Nokia ја престави музичката серија Печати Е-меил
[27-09-2006 | 00:31 часот]
 Nokia денес покрај објавата на супер телефефонот N95 ги представи и моделите N75, N91 8GB и музичките верзии на N73 и N70 . Очигледно најавата на Nokia дека мобилните телефони комплетно ке ги заменат посебните MP3 плеери полека но сигурно се остварува со повеќе од...

...80 милиони музички телефони продадени до сега.

N91 8GB представува освежување на моделот N91 но овојпат капацитетот на хард дискот е дуплиран од 4GB на 8GB. Овој модел сега ке биде достапен и во црна варијанта.

N75 е музички ориентиран мобилен телефон на преклоп со три посебни копчиња за музика и надворешен дисплеј кој прикажува информации за музиката која што ја слушате како и за контрола на менито за музика без притоа да го отворате телефонот.

Останатите два модела се добро познатите N70 и N73 но сега во музичко издание специјално редизајнирани за слушање музика.

[telefoni.com.mk]