|
Iroc sport - ново концепт возило |
|
|
|
[28-09-2006 | 00:59 часот] |
Ви го презентираме новото спортско возило на Фолксваген, кое мораме да признаеме изгледа одлично, што е нормално за Германскиот производител. Името му е Iroc sport car concept што без сомнеж ќе ги збрише неговите ривали затоа што ова возило ја претставува основата на...
... новото спортско купе на компанијата. Iroc , кој беше официјално откриен во Берлин, се очекува во продажба да се појави кон крајот на 2008 под името Scirocco. Возилото е малку пократко од Golf, но има поголемо меѓуоскино растојание со цел да се обезбеди повеќе простор за двајца патници на задните седишта. Се движи на 19 инчни тркала, предното стакло е продолжено на кровот, со што се добива претстава дека се работи за едноделно парче стакло. Во внатрешноста доминантна е сината светлина, која извира од контролите, додека 12 те линии на контролната табла комбинирани со сина светлина генерираат тродимензионална слика. За моторот ќе кажеме дека е со 210 коњи и волумен од 2,0 литри TSI. Од Фолксваген велат дека понудата на мотори ќе биде од 150 коњски сили па нагоре. 


 |