|
Мега дигиталец со 160 мегапиксели |
|
|
|
[28-09-2006 | 23:57 часот] |
Кој дигитален апарат може да шкрапне перфектна фотографија? Одговорот доаѓа од Швајцарската компанија Seitz Phototechnik AG, кои го промовираа нивното најголемо достигнување - Seitz 6x17 Digital, со неверојатни 160 мегапиксели. Со него ќе можат да се изработат фотографии...
...со големина од 7500x21250 пиксели и тоа во два формати, 16-битен .raw, при што една фотографија би зафаќала 307 MB од меморијата, а една слика во професионалниот .tiff формат би "тежела" цели 922 мегабајти. Уредот се управува преку екранот, што е осетлив на допир, и има резолуција од 640x480 пиксели, а произведувачот посебно ја истакнува брзината на обработка на податоците од 300 мегабајти во секунда. Апаратот е понуден во две верзии и тоа - мобилна, и студиска верзија. Мобилната чини 28.900 евра, а студиската варијанта е малце поефтина и чини 26.900 евра. 
 |