На списокот на најекстравагантни и најнеобични милијардери што го направи британскиот весник "Фајненшел тајмс" се најдоа бизнисмени чии имиња се познати во светот, но и такви кои не се многи познати. Најплоден од сите е 94 годишниот банкар од Саудиска Арабија...
...Салех ал-Раџи чиј имот се проценува на 6,5 милијарди долари. Тој бизнисмен има седум жени и 60 деца. Првиот човек на компанијата "Најк", Филип Најт се најде на списокот како "најневкусно облечен милијардер". Експерти на британскиот весник се зачудиле како човек со богатство од 7,3 милијарди долари кој исто така е раководител на империја за производство на облека и чевли, може да носи неиспеглани ленени костуми и каубојски шешири со логото на својата компанија. Најскржав богаташ во светот, "Фајненшел тајмс" го смета основачот на мрежата продавници за мебел "Икеа", Ингвара Кампрада кој, покрај имотот од 28 милијарди долари и натаму вози старо "Волво" и лета со економска класа. Најполитизиран е Џорџ Сорос. За авторката на книгите за Хари Потер, писателката Џоан Роулинг, весникот смета дека доживеала највпечатлива промена. Таа својот прв роман почнала да го пишува на половна пишувачка машина на почетокот на 90-тите години на минатиот век, а во меѓувреме станала првата личност која успеала да заработи милијарда долари со пишување книги. |