Татјана Кучарова е Мис Свет 2006 Печати Е-меил
[01-10-2006 | 19:10 часот]
 Во конкуренција помеѓу 105 девојки од целиот свет, помеѓу кои беше и представничката на Македонија која не се пласираше во финалето, за Мис на Светот е избрана плавокосата представничка на Чешка, Татјана Кучарова. На синоќешниот избор за Мис на Светот што се одржа во...

... полскиот главен град Варшава, со престижната титула се стекна чешката убавица, Татјана Кучарова.

Иако според правилата на натпреварувањето, на кое се случи еден преседан, во завршниот круг требаше да влезат само 16 натпреварувачки, судиите не можеа да се одлучат околу две девојки од азиско-пацифичката група, па со согласност на сите судии избраа три девојки, заради што во потесниот круг влегоа 17, наместо 16 девојки.

Мис на Романија, Јоана Валентина Боитор беше избрана за прва придружничка, а за втора придружничка беше избрана Мис на Австралија, Сабрина Хусами.

Овие две девојки и правеа друштво на Мис Свет за 2006 година, чехињата Татјана Кучарова, која заслужено ја освои круната на светот.