Повторно проблеми со Џорџ Мајкл Печати Е-меил
[02-10-2006 | 23:57 часот]
 Џорџ Мајкл повторно имаше проблеми, овојпат со британската полиција по инцидентот на една раскрсница во северен Лондон, откако тој е најден во лоша состојба во автомобилот што стоел пред еден семафор. Полицијата интервенирала по пријава на повеќе други возачи кои... ... јавиле за проблеми во сообраќајот затоа што „едно возило предизвикува застој“ на раскрсницата.

Претставник на Скотланд јард изјави дека полицајците го нашле Џорџ Мајкл "неспособен за возење" и забележале дека е под влијание на марихуана.

Побарана е и лекарска помош, но по сослушувањето во полицијата тој е пуштен од притворот со кауција и е предупреден поради користењето на марихуаната.

Најавена е натамошна истрага затоа што пејачот во февруари годинава беше вмешан во речиси идентичен инцидент во еден друг крај на Лондон.

Џорџ Мајкл се наоѓа на првата турнеја во Британија по пауза од 15 години.