Секси домаќинката - соло Печати Е-меил
[03-10-2006 | 00:03 часот]
 По еден ден озборувања и шпекулации, официјално "очајната домаќинка" Ева Лонгориа и NBA ѕвездата Тони Паркер, не се повеќе заедно. Веста ја промовираше People магазинот. "Тие навистина раскинаа. Тоа е чиста вистина", изјави изворот на People магазинот...

"Нивната далечина и кариери кои многу бараат до нив двајцата си го сторија своето. Сигурен сум дека и причината што не живеат заедно во ист град, беше клучна работа за прекинување на нивната врска. Сето ова не е од вчера. Тоа се случуваше подолго време", додаде личноста за магазинот.

Извор од клубот San Antonio Spurs (тимот во кој игра Паркер) изјави дека озборувањата околу раскинувањето на врската не се точни, додека личноста за односи со јавност на Ева Лонгориа, Лиза Андерсон, изјави дека врската сеуште трае но минува низ тежок период.

Парот се сретна во декември 2004 година, и од тогаш се сметаше дека оваа врска е една од најстабилните во Холивуд.