Истражувачите откриле дека аспиринот има повеќекратно дејство во борбата против ракот - не само што го блокира ензимот циклооксигеназа, што е познато од порано, туку го прекинува и дотокот на крвта до туморот. Истражувачот од Универзитетот во Њукасл...
...докторт Хелен Артур изјави дека ефектите кои ги има аспиринот во заштитата од рак можат да бидат резултат на способноста на аспиринот да го намали дотокот на крвта до туморот во развој, што го ограничува растот на туморот. Аспиринот не може да се користи во лекувањето на ракот бидејќи е ефективен дури во многу високи дози, но може да даде насока за изработка на нови терапии. Артур и останатите истражувачи од Њукасл ги изложувале клетките на крвните садови на аспирин и на лековите кои ги блокираат различните облици на циклооксигеназа, како што е целебрексот и утврдиле дека аспиринот во поголеми дози ги убива клетките на крвните садови. Аспиринот во регуларни дози нема такво дејство, и најверојатно ги загрозува протеините кои претставуваат поддршка за крвните садови. Инхибиторите на циклооксигеназата се користат во лекувањето на воспалителните процеси и болките, а се истражува и нивното дејство во лекувањето на ракот. „Во наредниот чекор треба да ги утврдиме механизмите кои му овозможуваат на аспиринот да има такво дејство, што ќе ни помогне да утврдиле какви ефекти треба да произведат новите лекови против ракот“, додаде Артур. |