Новиот Sony Ericsson Z558i Печати Е-меил
[05-10-2006 | 00:37 часот]
 Производителот на мобилни телефони Sony Ericsson го представи на пазарот Z558i што во основа е скоро идентичен со моделот Z550 меѓутоа надoграден со една мошне интересна карактеристика а тоа е екран осетлив на допир и поддршка за препознавање на ракопис. Оваа...

...карактеристика не е ништо ново за Symbian мобилните на Sony Ericsson, но за прв пат се појавува кај модел од средната класа што не функционира на Symbian оперативниот систем.

Sony Ericsson Z558i може да  препознае ракопис на три јазици и тоа англиски, кинески и таи.

Што се однесува до другите карактеристики како што напоменавме во основа остануваат исти како и кај неговиот претходник односно дисплеј со резолуција од 176x220 пиксели, 1.3 мегапиксели камера, поддршка за Memory Stick Micro картички, ФМ радио, MP3 плеер, Bluetooth и GPRS.

Во основа моделите со можност за препознавање на ракопис повеќе се продаваат во земјите како Кина и Јапонија каде што нумеричките тастатури се доста непрактични за внесување текст поради нивните комплексни азбуки.

Значи иако овој модел е доста интересен сепак не очекуваме да биде достапен во Европа освен преку специлијазираните дилери.

Sony Ericsson Z558i треба да се појави на пазарот почнувајќи од октомври 2006.

[telefoni.com.mk]