|
Мишел, по "шик" од Карла Бруни |
Сподели
|
|
[29-11-2009 | 22:20 часот] |
Француската модна библија - магазинот "Elle" и зададе силен удар на Карла Бруни, т.е ја прогласи нејзината "соперничка"...
... Мишел Обама за најелегантна прва дама на светот. На Карла Бруни (42) ова не и е првпат за влакно да ја испушти титулата. Таа и минатата година заврши на втората позиција, откако реномираниот магазин ја прогласи Асма Асад - првата дама на Сирија за нај "шик" државничка жена. По Бруни, на третото место оваа година е француската министерка за спорт Рама Јад, пред шпанската принцеза Летисија и противкандидатката на Саркози на претседателските избори - Сеголен Роајал. 


 |