|
Tom и Katie во "свој" филм |
|
|
|
[10-10-2006 | 00:22 часот] |
Очигледно е дека на славниот пар Tom Cruise и Katie Holmes не им е доволно тоа што премногу се сакаат и што со заеднички сили на свет го донесоа своето прво дете, ќеркичката Surie. Сега, сакаат цел свет да знае колку е голема нивната љубов и по тој повод ќе снимаат...
...филм за нив. Оваа информација од многу страни е потврдена, а парот во моментов е во потрага по соодветно сценарио. Главната поента на вљубениот пар е да демонстрираат колку е голема хемијата која постои меѓу нив, како не би морало Тom да се однесува непристојно по разно-разните talk-show програми, за да ја покаже својата огромна љубов кон Katie. Ако добро се сеќавате, заради своето непристојно, налудничаво, однесување го изгуби милионскиот договор со Paramount Pictiures. Според нив, филмот би требало да биде нешто по што луѓето ќе го заборават нивниот претходен имиџ, кој го имаа на големото платно. Како што изјавува Cruise, нему му здосадило да биде акционен херој, додека пак Katie вели дека веќе го надминала имиџот на "добра девојка од соседството", стереотипот кој ја прати поради улогата во серијата "Dawson's Creek". |