|
Партнерот личи на вас?! |
|
|
|
[10-10-2006 | 00:24 часот] |
Заборавете ја старата мудрост дека спротивностите се привлекуваат, затоа што се повеќе истражувања покажуваат дека ни се допаѓаат луѓето кои наликуваат на нас. Иако, се уште не е исклучено дека жените се заљубуваат во мажи кои наликуваат на нивните...
...татковци, а мажите во жени кои наликуваат на нивните мајки, научниците се повеќе ги привлекува фактот дека долгогодишните брачни или едноставно, љубовни партнер, физички наликуваат еден на друг. Сигурно ви се случило за некој постар брачен пар да помислите дека изгледаат како брат и сестра, а можеби и сами сте доживеале да слушнете таков коментар за себе и за партнерот. Во тоа нема ништо бизарно или перверзно, затоа што постојат некои едноставни објаснувања, кои покажуваат дека постигнувањето на физичката сличност е можна со тек на времето. Најновото истражување сугерира дека колку повеќе време ќе поминеме со некоја личност, се поголема сличност се појавува во надворешниот изглед. Научниците, при испитување на 160 парови, заклучиле дека кај паровите што се во поодмината возраст и кои поминале повеќе време заедно, сличностите се многу поочигледни. |