|
25-ти по ред Скопски џез фестивал |
|
|
|
[11-10-2006 | 00:45 часот] |
Билетите за годинешното 25. издание на Скопскиот џез фестивал се пуштени во продажба во Универзалната сала, Југотон и во Чув де чув. Билетите за полноќниот концерт "Опенинг денс парти со Џихан и Камиен" на 19 октомври во Хард рок се по цена од 250 денари...
На 20 октомври во Универзална сала настапува Енди Беј, за чиј концерт билетот е по цена од 600 денари, а полноќниот концерт на Витуте во Хард рок е 200 денари. Утредента во Универзална сала задоволството да се проследат Винисиус Кантуариа и Жоао Боско и Козало Рубикалкаба груп изнесува 800 денари, додека журката во Хард рок со Стефано ди Батиста е 200 денари. Наа 22 октомври во Универзална ќе настапат Бенџамин Херман и неговиот квартет, а по нив и Есбиорн Свенсон трио, за кои билетот изнесува 600 денари. Во Хард рок настапува Руди Бергер три ворлд бенд. Влезниците се по 200 денари. Последната вечер, на 23 октомври, публиката во Универзална ќе го дочека најексклузивниот гостин Орнет Колман, за кого и билетот е 1 000 денари. Комплет влезници за сите вечери 2.200 денари. |