Само со вежбање, не се слабее Печати Е-меил
[11-10-2006 | 00:47 часот]
 Само со голема телесна активност најверојатно нема да се намали телесната тежина на детето што значи таа не може да ја спречи дебелината, но сепак може да биде добра основа за развој на здрави животни навики, сметаат шкотските научници. „За да се спречи...

...дебелеењето, покрај зголемена телесна активност, потребно е и воведување на здрав начин на исхрана“, наведуваат научниците.

Тие вклучиле 545 деца од 36 градинки во програмата за активноста на децата, сакајќи да испитаат дали само зголемената телесна активност може да го намали индексот на телесна тежина.

Една група деца вежбале секој ден половина час во градинка, а на родителите им било сугерирано да им ја зголемат телесната активност на децата дома. Другата, контролна група деца била вклучена во редовна предшколска програма и тие деца не вежбале дополнително.

Телесната активност значително не влијаела на промената на индексот на телесна тежина, но споредено со децата од контролната група, тие деца кои вежбале стекнале подобри моторички вештини и станале повешти, што, според научниците, може позитивно да влијае на нивната самодоверба и може да ја зголеми веројатноста тие деца во иднина да се занимаваат со спорт.