Мадона сепак посвои дете Печати Е-меил
[12-10-2006 | 00:19 часот]
 И покрај тоа што информацијата беше демантирана, Madonna сепак посвоила дете од Африка, тврди неговиот татко, велејќи дека е среќен што неговиот син ќе избега од сиромаштијата во Малави. Магазинот The Sun објави фотографија од пејачката со сафари шапка и насмеана со...

...детето што наводно го посвоила.

Минатата недела претставникот на Madonna ги демантира коментарите на официјалните претставништва на африканската држава дека посвоила дете, 13-месечниот David Banda, чија мајка умрела откако настанале компликации при породувањето.

Таткото на момчето, Yohane Banda, за медиумите изјави: "Многу сум среќен. Како што можете да видите во моето село има голема сиромаштија."

Banda, кој вели дека нема можности да го одгледува својот син, не се сретнал со Madonna, но му било кажано дека неговото дете е посвоено од "позната американска пејачка".

Според него: "Знам дека ќе биде многу среќен во Америка. Кажано ни е дека David редовно ќе се враќа овде за да си ги знае своите корени."

Madonna, која веќе има ќерка и син, го барала David во најсиромашните делови на главниот град на Малави, Лилонгве, според магазинот the Sun.

Пејачката и нејзиниот сопруг Guy Ritchie планираат детето да го одгледуваат во своите домови во Британија и во САД, откако ќе заврши легалниот процес на посвојување.