|
Никол Кидман на 15мин. во Скопје |
|
|
|
[15-10-2006 | 00:27 часот] |
15 минути! Толку холивудската ѕвезда Никол Кидман се задржа во Скопје. Поранешната сопруга на Том Круз на аеродромот Петровец пристигна околу 14 часот и 30 минути со специјален авион од Италија. Ја пречекаа претставници на УНМИК. Последна се симна од авионот и...
...веднаш со аеродромско комбе беше префрлена до ВИП салонот. Обезбедувањето на аеродромот не ни дозволи да ја снимиме одблиску. Не сакала средби со новинари и прашања. Никол Кидман само за ја ѕирна Македонија. На аеродромот се задржа кратко. Со возила на УНМИК и големо обезбедување замина за Косово. Оскаровката оди на Косово да го слушне гласот на косовската жена. На 26 јануари годинава таа беше назначена за амбасадорка на добра волја на УНИФЕМ. Посетата на Косово е дел од нејзината кампања да им помогне на жените во земјите кои се во поствоен период да ги решат проблемите со кои се соочуваат. |