Овошје и зеленчук за имунитет Печати Е-меил
[15-10-2006 | 00:35 часот]
 Фитонутриенти од овошјето и зеленчукот внесени во облик на додатоци во исхраната можат да го зголемат имунитетот на здравите возрасни луѓе, покажале резултатите од една американска студија. Повеќето од луѓето дневно не ги внесуваат петте препорачани...

...овошја и зеленчук, а утвтрдено е дека 4,4 отсто од вкупно дијагностицираните болести во Европа можат да се поврзат со исхраната сиромашна во овошје и зеленчук.

Покрај тоа, неколку епидемиолошки студии спроведени во последните 20 години покажале дека зголеменото внесување овошје и зеленчук може да се поврзе со намалувањето на ризикот од болести на срцето, карциномот, метаболичкиот синдром и остеопорозата.

Новото истражување сугерира дека внесувањето на фитонутриенти по пат на додатоци во исхраната може да има позитивно дејство врз здравјето и имунолошкиот систем на луѓето.