Овој "фото-мобилен" премиерно е претставен на овогодишниот CeBit, а во однос на претходно претставениот модел од 7 милиони пиксели (Samsung SCH-V770) потанок е дури за 6 милиметри и 10 грама полесен, а од сличните уреди на пазарот ќе се разликува и со поддршката за...
...репродукција на сателитските ТВ програми. Освен што се работи за моментално најнапреден мобилен фото хибрид, Samsung SCH-B600 воедно е телефон со поддршка за пренос на ТВ програма. Уредот има можност за безжично поврзување, MP3 плеер, стерео звучници, читач на бизнис картички и прегледник на документи. Квалитетот на фотографиите направени со фотоапаратот на моделот B600 споредлив е со квалитетот на оние снимени со дигитални апарати со иста резолуција, а за оптимален приказ, има уште додатоци, трипати оптичко и петпати дигитално зголемување (zoom), автоматски и мануелен фокус, потоа голем и прегледен TFT LCD екран во 16 милиони бои. Samsung, не заборави да го опреми својот најнов топ-модел ниту со можноста за безжично поврзување, така што сопствениците на овој модел ќе можат директно да ги испраќаат фотографиите и другите мултимедијални податоци... Тука е и MP3 плеерот, стерео звучниците, читачот на бизнис картички, прегледникот на докумнти, и простор за проширување на меморијата по пат на MMCmicro мемориска картичка. Уредот за сега може да се најде само на матичниот, корејски пазар по цена од 900 долари (околу 45 000 денари) а зависно од интересот на корисниците и операторите, Samsung ќе направи и европска верзија. 
 |