|
"Главовизор" од "Тошиба" |
|
|
|
[18-10-2006 | 23:57 часот] |
Компанијата "Тошиба" патентира необична направа која се носи на глава и со која нема да имате потреба да гледате телевизија бидејќи таа овозможува целосно доживување на тоа што го гледаме со преглед на сликата од 360 степени, на екран со големина од 40 сантиметри...
Фотографијата од направата е објавена во денешното издание на британскиот весник "Дејли Меил". Уредот има тежина од три килограми и кога ќе го ставите на глава можете да седнете во фотеља и да се опуштите. Голем недостиг на проектантите е што не предвиделе отвор на "главовизорот" за внесување течности, па гледањето фудбалски натпревар со него практично е невозможно.  |