Интернетот, пред весниците! Печати Е-меил
[23-10-2006 | 23:48 часот]
 Интернетот за Европејците стана едно од основните средства за информирање и за изминатата година ги надмина печатените медиуми. Граѓаните на Европската унија во просек минуваат четири часови неделно на интернет, а три, читајќи дневни весници...

... или списанија, покажаа резултатите од анкетата на американската истражувачка компанија “Јупитер Рисрч“.

Сепак, телевизијата и натаму го зазема првото место во информирањето на Европејците, кои и натаму минуваат три пати повеќе време пред ТВ екраните, отколку сурфајќи на интернет, покажало истражувањето во кое биле анкетирани пет илјади луѓе во Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Жителите на ЕУ во 2003 година минувале само два часа неделно на интернет, чие користење и натаму зависи од староста на испитаникот и пристапот на мрежата со голема брзина.

Во Франција, која има најдобар пристап до интернет со голема брзина, е забележана најголема стапка на користење на мрежата, додека Германија, каде ситуацијата е обратна, се наоѓа на дното на скалилото.