Пристигнува Сони PSP Печати Е-меил
[26-10-2006 | 00:53 часот]
 Ако се земе предвид дека Сониевата играчка конзола PlayStation Portable  на пазарот е присутна уште од 2004 година, не чуди информацијата дека се планира излегување на нов уред. Идната пролет на пазарот би требало да се појават два нови модела на ПСП, едниот...

...карактеристичен по 8 ГБ флеш меморијата, а другиот по вградениот хард диск со се уште непознат капацитет. Некои извори наведуваат дека конзолите би можеле да имаат дури и некои од помодерните и невообичаени додатоци за играчки конзоли како на пример ГПС и веб камера.

За цената се знае само дека границата е 200 долари, т.е. моделот со с 8 ГБ ќе чини помалку од 200 долари додека моделот со хард-диск ќе чини повеќе од оваа сума.