|
Карла доби портрет од свекорот |
Сподели
|
|
[08-02-2010 | 22:29 часот] |
Критичарите ги исмејаа сликите на пензионираниот маркетинг дизајнер Пал Саркози (82), но благодарение на...
... врските, неговите дела ќе ја красат париската галерија "Espace Pierre Cardin". Во центарот ќе биде снаата Карла Бруни, поранешен супермодел и пеачка, која ја прикажал како "ружа на клавир" како свири гитара. Покрај неа седи Никола на својот стол. Таткото на Францускиот претседател и ги поклонил сликите на Карла како свадбен подарок. Ја нарекува "прекрасна девојка" која повторно ги споила таткото и синот по неколку години оттуѓеност. Пал, кој се доселил во Париз во 1948 година, се претстави веќе во Унгарија и Шпанија. Ја оставил мајката на Николас и уште три сина. "Со името кое го носиш и оценките кои ги имаш никогаш нема да успееш во Франција" - му велел тој на Николас додека бил мал. По изложбата, сликите кои ги изработи Пал Саркози ќе се продаваат по 12.000 долари. 

 |