Модерните мажи не се кавалери Сподели
[08-02-2010 | 22:33 часот]
 На мажите им е многу тешко кога мораат да бидат кавалери и најчесто тоа и го избегнуваат, покажува најновото...

 

... истражување.

Покрај тоа што 78 жени изјавиле дека би сакале да добијат романтично писмо или песна, мажите тоа не го прават.

Само 50% од мажите признаваат дека понекогаш на партнерката и пишуваат љубовна порака.

Повеќето жени тврдат дека би ценеле кога би добиле љубовно писмо или песна затоа што за тоа треба време, труд и желба.

Сепак, само 6% од мажите потврдиле дека тоа го прават за да ја импресионираат партнерката.

Денешните мажи заведуваат со помош на модерната технологија. 21% од нив пишуваат романтични СМС пораки, додека 11% од мажите за таквите активности користат е-пошта, покажува истражувањето.

Иако повеќето жени секојдневно ги користат социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, тие велат дека не би сакале да добијат честитка за Денот на вљубените по овој пат.

Како што тие велат, подраги им се традиционалните честитки кои се поклонуваат по повод Свети Валентајн.