|
Паметен женски телефон |
|
|
|
[31-10-2006 | 00:58 часот] |
Опаднатиот наталитет во Јапонија, го поттикна познатиот произведувач на мобилни телефони NTT DoCoMo да дизајнира уред кои ќе ги известува жените за нивните плодни денови во месецот. Со внесување на датумот на менструацијата, корисничката може својот мобилен...
... телефон да го програмира така да и ѕвони три дена пред овулацијата, а потоа и на самиот ден на овулација. Бидејќи тоа сепак не е доволно компанијата предупредува дека е потребно претходно да се внимава на просечниот месечен циклус на жените. Овој Мобилен со смирувачки пастелни бои го дизајнирала жена, Момоко Икута. Мобилниот апарат им овозможува на жените и други подобности како што е банката од податоци за рецепти или копче за „лажен повик“, за да може корисничката полесно да се извлече од непријатна ситуација користејќи го лажниот повик на кој треба да одговори. |