Последната колекција на Меквин Сподели
[11-03-2010 | 13:15 часот]
 Од неговата смрт минатиот месец, дизајнерот Александер Мекквин е секојдневно присутен во медиумите...

 

Неговата последна колекција за сезоната есен/зима 2010 беше покажана вчера во неколку приватни презентации.

Драматичните креации беа инспирирани од неговата љубов кон театарот, а присутните велат дека тоа повеќе личело на комеморација отколку на модна ревија.

Златните дизајни споени со различни принтови изгледаа како колажи, а линиите на вратот потсеќаа на обоени парчиња од стакло.

Преубавите парчиња беа внимателно вклопени во ревијата која беше организирана од оние што го сакаа најмногу и кои се залагаат за продолжување и зачувување на неговото наследство и талент.

Дизајнерот изврши самоубиство пред еден месец, на вечерта од погребот на неговата мајка, а неговата смрт дојде како коинциденција со годишнината од смртта на неговата пријателка и ментор, модниот уредник Изабела Блоу.