Почна новата сезона во Формула 1, а првиот ден од викендот во Бахреин сеуште нема одговор кој има најбрз болид.
Момците од Ферари, Мекларен, Мерцедес и Форс Индиа, секој во своја фаза оствари најбрзи времиња, за на крај Нико Розберг да извози најбрз круг со време од 1:55.409. Веднаш зад него, втор на листата на најбрзи времиња се најде Луис Хамилтон, додека седумкратниот шампион со време од 1:55.903 се најде на третото место. И на утринскиот и на попладневниот тренинг Шуми имаше прилично доцнење зад својот тимски колега, и изгледал многу лут. Во боксот разговарал со своите механичари, а се шпекулира дека не бил задоволен со балансот на болидот. Возачите на ферари во петокот не ги отворија картите. Алонсо утрото беше втор, а попладнето не го подобри времето. Маса исто така, додека Батон солидно дебатираше во Мекларен со четврто време. Ветел и Вебер од Ред Бул не поставија импресивни времиња, а според првите извештаи се чини дека имаат проблем со брзината на рамните делови. Пријатно изненадија момците од Форс Индиа. Сутил утрото извозе најбрзо време, додека попладнето Сутил и Лиузи изгледаа резервирани. Солиден резултат постигна и Рено, од каде Кубица и Петров влегоа во првите 10 на двата тренинга.  |