Џорџ Мајкл пафка на јахта Сподели
[12-03-2010 | 14:14 часот]
 Проблематичниот Џорџ Мајкл ужива во добра тревка на крстарење во Австралија, во близина на Сиднејскиот залив...

 

Сепак, од 25 џоинти на ден колку што пушел порано, сега ги намалил на 7-8 дневно, изјави неодамна 46-годишната ѕвезда.

Џорџ бил снимен заедно со негов пријател вчера наутро како пуши марихуана и пие пиво на јахта, а потоа заедно им мафтале на фотографите за да ги поздрават.

Инаку Џорџ Мајкл во 2008 година беше уапсен во јавен тоалет со неколку грама кокаин, а во два наврати во 2006 година беше обвинет за поседување на марихуана.