Претседателот на Венецуела му се заблагодари на актерот Шон Пен затоа што го бранел од бројните критики во...
... американските медиуми. Пен во минатонеделниот настап во емисија на телевизијата "HBO" се спротивставил на критичарите на Чавез, кои го нарекле "диктатор" и сугерирал дека новинарите, кои го нарекуваат така, треба да се уапсат. Актерот, кој е познат по политичката ангажираност, оценува дека медиумите водат предавнички кампања против латино-американскиот лидер, кој го смета за примерен демократ. "Секој ден тој лидер се нарекува диктатор и ние тоа го прифаќаме. Тоа го пласираат влијателните медиуми. За таа врста на лага треба да се оди во затвор. Ние сме просто хипнотизирани од медиумите. Знаете ли некој овде кој 14 пати поминал на најтранспарентни избори и бил демократски избран како Хуго Чавез", запраша американскиот актер. Шон Пен повеќе пати бил угостен од Чавез и често застанува да ги брани неговите левичарски политички ставови. Како што пренесуваат странските агенции, Чавез ги поздравил коментарите на Пен и му се заблагодарил за одбраната од критичарите.  |