Мисицата, ја собраа во војска Печати Е-меил
[21-11-2006 | 00:12 часот]
 Мисицата на Израел, прекрасната 18-годишна Yael NEZRI  е на отслужување на воениот рок, но нема да мора да носи оружје. Воените власти и "излегле во пресрет" и го прифатиле нејзиното барање да биде ослободена од обврската за носење оружје, затоа што - како...

... што напишала во молбата, оружјето и правело модринки по нозете и може да и ја упропасти кариерата како манекенка.

Незри неодамна заврши основна воена обука и пукаше со пушка, но потоа ја искористи законската можност да бара остатокот од воениот рок да го отслужи без оружје.

Незри ќе мора, како и сите останати израелски девојки, да помине две години во оружените сили, но преостанатите дваесет месеци ќе извршува работи со кои нема да има секојдневен контакт со оружје.