|
Рекорд во рушење домино (видео) |
|
|
|
[21-11-2006 | 00:18 часот] |
Светскиот рекорд во рушење домино плочки бил соборен во минатиот петок во холандскиот град Леварден. Соборени се вкупно 4.079.381 плочки, со што е надминат претходниот рекорд од 4.002.136 парчиња! Учесниците во натпреварот домино плочките ги...
... наредиле во неверојатни структури, за што им биле потребни повеќе од два месеци. Годинашната тема на Денот на Доминото била музиката, поточно мотото “Музика во движење”. Натпреварувачите морале да осмислат девет теми, односно девет музички правци: рокенрол, диско, хип – хоп, класика итн. Нив исто така требало да ги класифицираат во соодветниот временски период и со музика да ги презентираат и карактеристиките и луѓето од тој период. Така, можеле да се видат импресивни сложувалки со ликот на Елвис, Мерлин Монро, Моцарт итн. За да погледнете неверојатното видео, клик овде! |